Од 1984 година Шри Чинмој ја изведува својата музика бесплатно на 777 концерти низ светот. За време на тие концерти Шри Чинмој изведува свои композиции и импровизира на различни источни и западни инструменти. Вообичаено настапува на десетина различни инструменти а повремено има настапувано на до 150 инструменти на еден концерт.
Неговата музика и песни се компонирани и изведувани во медитативна состојба. Додека неговите настапи на западна флејта и индиски есраџ пробудуваат атмосфера на длабок и исполнувачки мир, неговите неверојатни импровизаци на клавијатури манифестираат најдинамична духовна енергија.
Новинар за францускиот весник „Ле Монде“ напиша: „Човек има чувство дека публиката не дошла само за музиката, туку исто така за тоа што беше помеѓу комозициите, внатрешниот мир за кој звуците служеа само да го продолжат.“
Концертите на Шри Чинмој вклучуваат места како Ројал Алберт Хол во Лондон, Линколн Центар и Карнеги Хол во Њу Јорк, Дејвис Хол во Сан Франциско, Нипон Будокан во Токио и Сиднејската опера.
Поврзани содржини